SWT Alumni Macedonia / Хуманоста не познава граници
poster

Хуманоста не познава граници

Особено сме горди на искуството и вредностите кои ги шириме организирајќи го овој настан неколку години по ред. Како алумнисти на прво-формираната Summer Work & Travel организација во светот, по трет пат ви го најавуваме Kick Off Picnic-от кој ќе се организира на 17 Мај во Градски парк кај Школка, со почеток во 11:30 часот.

За музичкиот дел ќе се погрижат добро-познатите музички изведувачи: Нокаут, Самакутра и DJ Charley, кои како и секогаш забавате ќе ја доведат до совршенство. Покрај добрата музика, синоним за пикникот е ѝ добрата храна и секогаш ладни пијалаци.
И овој пат поддржувајќи, развивајќи и споделувајќи позитивни искуства, собраните финансиски средства од овој хуманитарен настан, SWTA ќе ги донира за лицата со Даунов синдром, членови на танчерската група Dancers United, со кои ќе танцуваме и ќе се забавуваме.
… затоа, биди хуман, дојди на пикник и #ЗапознајГиРазличностите

poster-golem


About


'Хуманоста не познава граници' has no comments

Be the first to comment this post!

Would you like to share your thoughts?

Your email address will not be published.