1426484_198062487048164_1105072175_n

<ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ> дводневна викенд обука за Социјално Претприемништво со Sam Vaghar

ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ:

За сите оние кои што ќе аплицираат на третата Start Up Академија најдоцна заклучно со 25 октомври ќе имаат можност бесплатно да бидат дел од дводневната викенд обука на 31.10 и 01.11 во Хотел Holiday Inn Скопје за социјално претприемништво спроведена од Sam Vaghar, извршен директор и основач на Millennium Campus Network. Побрзајте и искористете ја оваа можност.

Обуката е овозможена од AmCham Macedonia и Американската Амбасада во Скопје.

amchamusemb

Оваа година само 25 учесници ќе имаат можност да бидат дел од академијата, затоа бидете креативни и иновативни и најдоцна до 31 октомври испратете ја вашата идеја.

За условите на аплицирање и можностите кои ги нуди Start UP академијата, можете да се информирате на следниот линк: http://swtalumnimk.com/start-up3/

Аплицирањето за третата Start UP академија е во тек и трае заклучно со 31.10.2015, организирана од Summer Work and Travel Alumni Macedonia. Start Up Академијата е уникатна 7 месечна претприемничка обука спроведена преку 5 тридневни семинари низ повеќе градови во Македонија, а има за цел развивање на претприемачки/кариерни вештини и развивање на бизнис идеи во оперативни бизниси. Во текот на академијата, учесниците се стекнуваат со потребните вештини за: започнување и водење на сопствен бизнис, презентирање на сопствената идеја пред потенцијални инвеститори, создавање на мрежа на деловни контакти, деловно комунуцирање и преговарање, детално изучување на финансиска анализа според софтвер создаден од тимот на академијата како и вмрежување со ментори од различни области кои ќе им помогнат на учесниците во развојот својата бизнис идеја.

Покрај едукација, целта на академијата е сите учесници да имаат развиени бизнис планови и да бидат подготвени да аплицираат на локални, но и меѓународни натпревари за добивање средства за започнување на нивните бизниси. Академијата завршува со традиционалната Smart Up конференцијата, на која учесниците имаат уште една можност да ги презентираат нивните бизнис идеи пред потенцијални инвеститори, но и пред публиката составена од преставници на македониски компании и други релевантни институции.

Исто така пред мрежата на бизнис ангели на CEED кои се наши партнери и поддржувачи, учесниците на Академијата ќе имаат можност да ги презентират своите бизнис идеи и да се изборат за потенцијална инвестиција, а два тима на учесници две години по ред победија на глобалниот натпервар – ALUMNI ENGAGEMENT INNOVATION FUND.

Во изминатите две години 55 учесници успешно ја завршија оваа Академија, а дел од нив започнаа сопствен бизнис или се вработија во македонските компании. Повеќе детали за академијата и за успешните приказни.

*Видете што кажаа минатогодишните учесниците за Start Up Academy:

 

 

 


About

USA Summer Work & Travel Alumni Macedonia (SWT Alumni) is a non-profit organization voluntarily formed by an independent group of students to exercise, care and align their interests and beliefs, as well as for performing the activities and interventions aimed at improving and promoting the position and status of the students who were, are and will be part of the USA Summer Work & Travel Program.


'<ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ> дводневна викенд обука за Социјално Претприемништво со Sam Vaghar' has no comments

Be the first to comment this post!

Would you like to share your thoughts?

Your email address will not be published.