Untitled

Пријави се за практикантска програма „Отвори врата“

Untitled

Дали барате вистинско практично искуство кај некој од
најпосакуваните работодавачи во земјата?

Пријави се за практикантска програма „Отвори врата“

 

Компаниите членки на АмЧам Македонија нудат бројни практикантски места за високо мотивирани студенти од домаќинства со ниски примања.

Во 2015 год., компаниите членки на АмЧам Македонија понудија 23 практикантски места на учесниците во програмата и примија практиканти во следниве компании: ПроКредит банка, ЕВН Македонија, Вабтек МЗТ и Рош Македонија.

За аплицирање, потребно е да ги доставитe следниве документи на info@amcham.com.mk:

  • целосно пополнета апликација (за да ја симнете апликацијата: file -> download as -> word)
  • доказ за статус на домаќинство со ниски примања (пр. копија од договорот/решението од МОН за доделување на стипендија за студенти од социјалните категории).

Напомена:

  • Конкурирањето за оваа програма, на апликантот не му гарантира практикантско место или вработување. Студентите кои се пофлексибилни во врска со нивните барања за практикантска работа, имаат поголема веројатност да добијат ангажман.
  • Секој практикантски ангажман е различен (полно/пола работно време, платен/неплатен, различни струки и индустрии, период, времетраење), по договор со одреден работодавач.

Апликациите континуирано се прифаќаат во текот на целата година.


About

USA Summer Work & Travel Alumni Macedonia (SWT Alumni) is a non-profit organization voluntarily formed by an independent group of students to exercise, care and align their interests and beliefs, as well as for performing the activities and interventions aimed at improving and promoting the position and status of the students who were, are and will be part of the USA Summer Work & Travel Program.


'Пријави се за практикантска програма „Отвори врата“' has no comments

Be the first to comment this post!

Would you like to share your thoughts?

Your email address will not be published.