OPEN CALL FOR PARTICIPANTS FOR ERASMUS+ TRAINING COURSE: LOLLIPOP MOMENTS

6то годишно собрание

Драги Алумнисти,

Ве покануваме на шестото годишно собрание на СВТ Алумни Македонија кое ќе се одржи на 13 Февруари, вторник со почеток во 20:00 часот. Локацијата на одржување на Собранието ќе биде  Паб Комедија.

Главна тема на годинешното собрание ќе биде презентирање на она што е сработено во текот на претходната година. На Собранието, меѓу другото, ќе се дискутира за идните активности и за стратешките определби на Здружението. Бидејќи учеството на собранието е должност на секој член на организацијата, Ве повикуваме да ни се придружите и заедно да ја одредиме иднината на нашата организација.

Дневниот ред е следниов:

  1. Именување на претседавач и записничар;
  2. Усвојување на записник од предходната седница;
  3. Разгледување и усвојување на годишен наративен извештај 2017 за работата на СВТ Алумни Скопје;
  4. Разгледување и усвојување на годишен финансиски извештај 2017 за работата на СВТ Алумни Скопје;
  5. Разгледување и усвојување на ационен и финансиски план за 2018 година;
  6. Тековни прашања.

Те молиме, потврди го твоeто учество најдоцна до 12ти февруари 16 часот на овој линк. 

Поздрав,
Тимот на SWTA


About

USA Summer Work & Travel Alumni Macedonia (SWT Alumni) is a non-profit organization voluntarily formed by an independent group of students to exercise, care and align their interests and beliefs, as well as for performing the activities and interventions aimed at improving and promoting the position and status of the students who were, are and will be part of the USA Summer Work & Travel Program.


'6то годишно собрание' has no comments

Be the first to comment this post!

Would you like to share your thoughts?

Your email address will not be published.