1175735_593888060654865_1583686828_n

К О Н К У Р С За избор на спасувачи за спроведување на активности за проектот ,,Lifeguards’’

Здружениeто СВТ Алумни Скопје распишува:

К О Н К У Р С

За избор на спасувачи за спроведување на активности за проектот ,,Lifeguards’. Активностите ќе бидат спроведувани во US Residence Skopje.

   Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да бидат на возраст од 18 до 30 години;
  • Да имаат познавање на Англиски јазик;
  • Да поседуваат комуникациски вештини и способности за планирање и организација;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
  • Барем еднаш да имаат учество на програмата USA Summer Work and Travel;
  • Поседуваат меѓународен сертификат за Lifeguard;
  • Искуството со работа во невладин сектор и работа со млади лица ќе се смета за предност;

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

-Кратка биографија;

-Скениран сертификат

Рок и начин на пријавување

Кандидатите треба да ги испратат потребните документи по електронска пошта на следната адреса: contact@swtalumnimk.com

Крaјниот рок за пријава е недела, 13 мај 2018 година до 20:00 часот. Во понеделник, 14 мај планирани се интервјуата со избраните кандидати.

Обврски и задачи

 –Навремено и професионално извршување на своите работни задачи;

-Почитување на распоредот за работа;

-Почитување на правилата на базенот;

Работниот ангажман на спасувачите се очекува да биде од максимум 18 часа неделно во временски период од 3 месеци, со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот. За овој ангажман предвиден е надоместок во нето износ од 235 денари за еден работен час.


About

USA Summer Work & Travel Alumni Macedonia (SWT Alumni) is a non-profit organization voluntarily formed by an independent group of students to exercise, care and align their interests and beliefs, as well as for performing the activities and interventions aimed at improving and promoting the position and status of the students who were, are and will be part of the USA Summer Work & Travel Program.


'К О Н К У Р С За избор на спасувачи за спроведување на активности за проектот ,,Lifeguards’’' has no comments

Be the first to comment this post!

Would you like to share your thoughts?

Your email address will not be published.